ПАНДЕВ, ЛАЗАРОВ И ИЏЕ НЕМА ДА РЕКЛАМИРААТ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ, КАЗИНА И БРЗИ КРЕДИТИ Отсега ќе промовираат само вистински вредности
Направивме џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности, изјави министерот за спорт Борко Ристовски.
Македонски спортисти со светски глас кои досега рекламираа казина или обложувалници веќе нема да се снимаат вакви реклами, информира министерот за спорт Борко Ристовски.
– Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и за брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока – вели Ристовски.
Министерот откри дека веќе имале разговори со сите спортисти кои ги рекламираат овие компании.
– Направивме џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности – рече Ристовски.
Министерот за спорт на денешната прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена и ги најави проектите на кои ќе работат во наредниот период.