ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО МРАЛИНО Момче со „ауди“ удрило во пешак кој завршил во болница

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски".

238

Тешка сообраќајна несреќа се случи во село Мралино, скопско, кога 20-годишно момче со „ауди“ удрило во 54-годишен пешак кој завршил тешко повреден во болница.

„На 6 октомври 2024 година, во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица 534 во село Марино, скопско, патничко возило ‘ауди’, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(20) удрило во пешакот П.Н.(54), двајцата од населба Илинден, скопско“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини