„ОВДЕ ИЗГЛЕДА ЕВТИНО“ Георгина Родригез се појави во ултра кус фустан на Модната недела во Париз

Таа се појави на ревијата на Ветеменс за пролет и лето 2025 година, а вниманието го привлече со својата модна комбинација.

1,986

Георгина Родригез, партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, уживаше деновиве на модната недела во Париз. Таа се појави на ревијата на Ветеменс за пролет и лето 2025 година, а вниманието го привлече со својата модна комбинација.

Родригез на настанот се појави во црн мини фустан од кадифен материјал. Тесниот фустан ја истакна нејзината завидна фигура, а имаше и длабоко деколте.






Со фустанот облекла и црни хулахопки и штикли.

Таа го сподели и својот аутфит на Инстаграм, што предизвика различни реакции.„Ти си кралицата“, „Убава жена и секогаш со стил“, „Оваа жена е на друго ниво и го знае тоа“, „Ти си најубава“, напишаа некои.

Сепак, многумина не се согласија со нив и ја критикуваа Џорџина. „Овде изгледа евтино“, „Знае само да го покаже телото и ништо друго“, напишаа тие.

Георгина на почетокот на септември воодушеви со својата фигура на филмскиот фестивал во Венеција, кога  носеше долг бел фустан со длабоко деколте, а Георгина комбинацијата ја комплетираше со синџир со дијаманти.

Поврзани содржини