📽 МАСОВНО БЕГААТ ПРЕКУ ГРАНИЦА Повеќе од 100.000 Либанци преминаа во Сирија
100.000 УНХЦР обезбедува помош за бегалците кои пристигнуваат на четири гранични премини, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди.
Повеќе од 100.000 луѓе од Либан преминале во Сирија по ескалацијата на конфликтот меѓу израелските сили и либанската група Хезболах овој месец, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди.
Меѓу бегалците има и либански и сириски државјани, напиша тој на социјалната мрежа Икс.
„УНХЦР обезбедува помош за бегалците кои пристигнуваат на четири гранични премини“, додаде тој.