СО СКАЛПЕЛ ГО ИСЕКОЛ КАЈ ВРАТОТ И УВОТО Полицијата го 28-годишникот кој сакал да убие малолетник

Како што информира државното Јавно обвинителство настанот се случил на 26 септември во фабрика во селото Голема Речица.

611

Основното јавно обвинителство Тетово донело наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник осомничен за кривично дело убиство.

Како што информира државното Јавно обвинителство, осомничениот на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му исеченици со скалпел кај вратот и десното уво.






„Оштетениот успеал да побегне, а осомничениот со скутер го напуштил местото на настанот“, наведува ЈОРСМ во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, „бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело“.

По пријавата за настанот, полициски службеници од СВР Тетово вчера во 23 часот го лишиле од слобода осомничениот и го задржале во полициска станица. Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

„Осомничениот Л.Ј. (28) на 27.09.2024 бил пријавен од малолетник од Тетово дека претходно, на 26.09.2024 околу 22 часот во работилница во Тетово со остар предмет го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. Л.Ј. е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од полицијата.

Поврзани содржини