СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА ДА ДЕЛУВА САМОСТОЈНО Банката е сигурна, стабилна и со позитивни финансиски резултати

Банката ги известува клиентите и пошироката јавност дека понудата на Комерцијална банка АД Скопје за преземање акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола, се утврдува за нeуспешна, а Банката продолжува да функционира како самостоен правен субјект, како и до сега, со сите редовни активности.

1,225

Согласно добиеното Решениe од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија бр. УП 1/РА1 10-66 од 27.9.2024 година, а во врска со понудата на Комерцијална банка АД Скопје за преземање акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола, Банката ги известува клиентите и пошироката јавност дека понудата се утврдува за нeуспешна, а Банката продолжува да функционира како самостоен правен субјект, како и до сега, со сите редовни активности.

„Стабилноста и сигурноста на Стопанска банка а.д. Битола е на највисоко ниво, а депозитите на правните лица и населението се сигурни и постојано растат. Банката има исклучително силна капитална и ликвидносна позиција, што претставува сидро на стабилноста за понатамошните активности. Стапката на адекватност на капиталот, којашто е мерка за солвентноста на банката тековно изнесува 26,1% (на крајот од вториот квартал на 2024 година беше 24,57%). За споредба, стапката на адекватност на капиталот на крајот на вториот квартал на годината на ниво на банкарски систем изнесуваше 19,04%, а кај групата на мали банки изнесуваше 20,82%. Ова е доказ дека банката има висок износ на капитал и резерви, усогласени и натфрлени од капиталните барања на Народната банка и од оние на ниво на банкарски систем. Воедно, ликвидноста на банка, којашто е мерка за редовното сервисирање на обврските, е висока. Учеството на високо ликвидна актива во вкупната актива тековно изнесува 40%, што е двојно повисоко од нивото на банкарскиот систем од 21% (со Кв.1 2024 година). Редовната исплата на сите обврски се одвива непречено. Населението продолжува да штеди и да ги орочува своите заштеди во банката, а кредитирањето кое се одвиваше со намалено темпо, ќе се засили во наредниот период“, се аведува во соопштението до Стопанска банка а.д. Битола.






Оттаму додаваат дека сите финансиските показатели на Стопанска банка а.д. Битола укажуваат на сигурност и стабилност во работењето, а заклучно со 30.06.2024 година Банката оствари позитивен финансиски резултат од 51,01 милион денари што е значајно подобрување во однос на 30.06.2023 година кога Банката оствари загуба од 53,69 милиони денари. Воедно со 30.06.2024 година е остварен позитивен оперативен резултат од 75,92 милиони денари што покажува позитивно оперативно работење на Банката.

Подетални информации за финансиските перформанси на Банката со последен квартал 30.06.2024 година се објавени на СЕИ-Нет на Македонска берза АД Скопје на следниот линк SEI Net V2.

Од Банката им се заблагодаруваат на клиентите за досегашната укажана доверба и соработка која ќе продолжат да ја негуваат.

„Стопанска банка АД Битола продолжува да биде банка на сите Вас! Традицијата продолжува“, порача Стопанска банка а.д. Битола.

Поврзани содржини