15-ГОДИШНО МОМЧЕ УСМРТИ ПЕШАК Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка во Демир Хисар

На местото на настанот излегле екипи на полицијата и јавниот обвинител кои презеле мерки за утврдување на причините за несреќата.

1,318

Петнаесетгодишно момче со мотоцикл усмрти 73-годишен пешак во Демир Хисар, информираше полицијата.

Трагичната сообраќајна несреќа се случила вчеравечер кога на улицата Битолска мотоциклот на кој биле двајца тинејџери удирле во повозрасниот пешак. Од силата на ударот, пешакот за жал почина на местото на настанот.






Во несреќата, покрај трагичниот исход за пешакот, и двајца млади возачи се здобија со повреди. Возачот на мотоциклот и неговиот 19-годишен сопатник беа префрлени во Клиничка болница Битола.

На местото на настанот излегле екипи на полицијата и јавниот обвинител кои презеле мерки за утврдување на причините за несреќата.

Поврзани содржини