ЌЕ СЕ БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ФОТОГРАФИЈАТА БЕЗ МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ Бугарскиот амбасадор утре ќе биде повикан на разговор во МНР

На 13 септември Сиљановска Давкова во Софија имаше тет-а-тет средба и заеднички ручек со бугарскиот претседател Румен Радев, по што таа присуствуваше во софиската опера каде на репертоар беше операта „Набуко“, во изведба на Македонската опера и балет.

2,090

Во врска со најавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека ќе побара објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија Румен Радев во петокот во Софија, во текот на утрешниот ден во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на разговор ќе биде повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјазко Радуков, дознава Плусинфо.

На 13 септември Сиљановска Давкова во Софија имаше тет-а-тет средба и заеднички ручек со бугарскиот претседател Румен Радев, по што таа присуствуваше во софиската опера каде на репертоар беше операта „Набуко“, во изведба на Македонската опера и балет.






Фотографијата на која Сиљановска Давкова и Радев се ракуваат пред бугарското знаме во неговиот Кабинет, како што вчера информираа од Кабинетот на претседателката, не била дел од договорениот протокол за средбата, според кој, не требало да има фотографии во рамките на затворениот простор.

 

Поврзани содржини