📽 УКРАИНЦИТЕ СОБОРИЈА РУСКИ СУХОЈ ВРЕДЕН 50 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Објавена е снимка од падот на авионот во Црното Море

Станува збор за еден од помодерните руски борбени авиони чија цена е околу 50 милиони американски долари.

567

Украинската армија собори руски борбен авион Су-30М за време на операција во Црното Море, соопшти денеска украинската воена разузнавачка агенција ХУР.

Објавена е и видео снимка од авионската несреќа. Според непотврдени информации, авионот бил соборен од рачен фрлач на противвоздушна ракета.







Станува збор за еден од помодерните руски борбени авиони чија цена е околу 50 милиони американски долари. Авионот кој се урна во морето припаѓал на 43-от посебен полк на поморската авијација на руските вооружени сили, кој се наоѓа на аеродромот во градот Сака на окупираниот Крим.

„Русите изгубиле контакт со авионот вчера околу 5 часот наутро. Околу три часа подоцна, тие започнаа операција за пребарување и спасување во која беа вклучени авионите Ан-26, како и хеликоптерите Ми-8 и Ка-27. Околу седум часа подоцна, тие пријавиле во командата за карактеристична дамка од воздухопловно гориво откриена во морето, 70 километри северозападно од Кејп Тарканкут, а наскоро ги виделе и остатоците од уништениот Су-30СМ“, велат Украинците.

Поврзани содржини