Ти мене „шота“, јас тебе „Рока мандолина“
Нашите сограѓани од исламска вероисповест треба да се среќни што Приштина и Тирана на Скопје не му се ниту до глуждот според бројот и достапноста на џамии и други исламски светилишта за вршење верски обреди.
„Шота” се играла и ќе се игра не само во Скопје, туку насекаде, од Триглав до Гевгелија.
Таа е дел од културното наследство на Балканот.
Тоа прекрасно оро е дел од нашата заедничка традиција. Ова треба да го знае младиот пратеник Ријад Шаќири.
„Шота” секогаш нѐ спојувала, а не нѐ разделувала и не треба да се користи за плашење. Тоа нема да помине!
Во Скопје ќе се пее и „Рока мандолина”. И не само во Скопје!
А за молитвите надвор од верските објекти, постојат закони, пишани и непишани правила.