БЕЛОРУСКИ АВИОН ПУКАЛ ВО РУСКИ ДРОН? Ова е првпат руско залутано летало да биде пресретнато
Дронот полетал во воздушниот простор на областа Јелка во регионот Гомел околу 3 часот и 30 минути по локално време. Откако дронот влегол во белорускиот воздушен простор, бил лансиран борбен авион кој го следел околу 20 минути. Иако има извештаи и за други руски залутани дронови во минатото, ова е првпат авион на Белорусија да се обиде да го собори.
Белоруски борбен авион се обидел да го собори рускиот дрон „Шахид“ кој влетал во воздушниот простор на Белорусија за време на ноќниот напад на Украина. Њузвик пренесува дека тоа го соопштила белоруската организација Хајун, која ги следи настаните во таа земја.
Се наведува дека имало и претходни извештаи за руски беспилотни летала кои отстапувале од рутата за време на воздушните напади во Украина и се упатиле кон Белорусија, но дека ова е првпат авион на белоруското воздухопловство да се обиде да собори едно од тие беспилотни летала.
Според Хајун, дронот полетал во воздушниот простор на областа Јелка во регионот Гомел околу 3 часот и 30 минути по локално време. Откако дронот влегол во белорускиот воздушен простор, бил лансиран борбен авион кој го следел околу 20 минути.
Се наведува дека во квартот Јелка околу 3 часот и 55 минути се слушнале најмалку две експлозии и дека на небото бил забележан блесок.
Министерството за одбрана на Белорусија не го коментираше наводниот инцидент.