📽️ УРУГВАЈЦИТЕ ВО СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ Драконски казни за играчите кои се тепаа со навивачите од Колумбија на Копа Америка

Најстрого е казнет Дарвин Нуњез кој е суспендиран на пет натпревари, а ќе мора да плати и парична казна од 20.000 долари.

209

Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез е суспендиран на пет натпревари и казнет со 20.000 долари поради учество во тепачка со навивачи за време на Копа Америка 2024 година, пренесува „AS“.

По натпреварот меѓу репрезентациите на Колумбија и Уругвај (1:0) во полуфиналето на турнирот, на трибините изби конфликт меѓу колумбиски и уругвајски навивачи. Подоцна им се приклучија играчи од репрезентацијата на Уругвај.






Според зборовите на играчите, тие застанале во одбрана на членовите на своето семејство кои биле нападнати од Колумбијците.

На видеоснимка се гледа како Нуњез фрла стол кон колумбиските навивачи. Тој не беше единствениот фудбалер казнет од страна на Фудбалската асоцијација на Јужна Америка како последица на инцидентот.

Играчот од средниот ред Родриго Бентанкур беше суспендиран на четири натпревари и казнет со 16.000 долари, додека Хозе Марија Хименез, Матиас Оливера и Роналд Араухо беа суспендирани на три натпревари и парично казнети со 12.000 долари.

Себастијан Касерес, Матијас Вина, Емилијано Мартинез, Брајан Родригез, Сантијаго Меле и Факундо Пелистру се казнети со по 5.000 долари, додека Уругвајскиот фудбалски сојуз ќе треба да плати 20.000 долари.

Функционерот на Уругвај Марсело Гарсија е суспендиран од фудбалот на шест месеци.

 

📽️ НЕВИДЕН СКАНДАЛ НА КОПА АМЕРИКА Бранејќи ги семејствата фудбалерите на Уругвај се степаа со навивачите на Колумбија

Поврзани содржини