ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ НА КОЛЕНА Брајтон им одржа лекција

Домаќините го отворија резултатот во 32. минута, а стрелец беше екс напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Дени Велбек.

496

Манчестер јунајтед попладнево загуби со 2:1 на гостувањето кај Брајтон во натпреварот од 2. коло на Премиер лигата.

Домаќините го отворија резултатот во 32. минута, а стрелец беше екс напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Дени Велбек.






Гостите се вратија во 60. минута благодарение на голот на Амад Диало. Манчестер јунајтед можеше да поведе во 70. минута, но по ударот на Алехандро Гарначо, топката на самата гол-линија ја допре Зиркзе и погодокот беше поништен поради офсајд.

Во 90+5. минута со гол на Жоао Педро, Брајтон дојде до трите бода.

Во следното коло Брајтон гостува кај Арсенал. Натпреварот ќе се одигра на 31 август. Следниот ден Манчестер јунајтед му гостува на Саутемптон.

Поврзани содржини