📽️ „НЕ САКАМ ДА СЕ ВРАТАМ“, „САКАШ, ОПУШТИ СЕ!“ Еве како Јапонија безмилосно го решава проблемот со азилантите

Уапсениот постојано повторувал дека не сака да се врати во Африка, но властите за јавен ред и не биле заинтересирани за тоа.

1,548

Јапонската полиција е безмилосна кон граѓаните на странски земји кои бараат азил во нивната татковина, а доказ за тоа е видео кое стана вирално.

Имено, на таа снимка се гледаат припадници на јапонската полиција како приведуваат барател на азил од Африка, кому му е истечена дозволата за престој. „Разговорот“ во станицата додека сè уште се обидуваа да го покорат и да го вратат во неговата земја одеше вака:






– Престани да ги стискаш рамениците!

– Не мора да си толку напнат. Седни цврсто! – рекле полицајците додека Африканецот седел на клупа меѓу двајца полицајци.

Барателот на азил бил бос, во долниот дел од тренерка и маица. Во еден момент тој погледна во полицаецот кој седеше десно од него. Тоа беше грешка…

– Не гледај подалеку! Гледај директно! Ти реков да седнеш – опомена еден од двајцата, додека третиот полицаец му ги држеше рацете зад грб.

– Не можам да се вратам (во Африка) – очајно извикал човекот и се обидел да стане од клупата.

Полицајците го соборија на подот.

– Нека седи некој на нозете! – рекоа, додека еден од нив конечно не го направи тоа.

– Ме боли! Извика Африканецот и продолжи да протестира.

– Не сакам да се вратам (во Африка)! Нема да се вратам! Нема да се вратам! – повторуваше тој додека полицајците уште цврсто го држеа на земја.

Тој постојано се „вртеше“ и кукаше за тоа како го болат нозете.

– Опушти се, по ѓаволите! Толку си тврдоглав – го предупредија полицајците.

Уапсениот постојано повторувал дека не сака да се врати во Африка, но властите за јавен ред и не биле заинтересирани за тоа.

– Не е важно дали сакаш или не, те враќаме таму. Имаш среќа, затоа што имаме сè испланирано. Те враќаме без разлика на сѐ – му објасниле полицајците, но тоа не го утешило овој човек.

Тој почнал да плаче, но ни солзите не ги омекнаа Јапонците.

– О, ти плачеш. Но, плачењето нема да промени ништо.

– Не се враќам таму!

– Зошто да не се вратиш!

Следната сцена го прикажува овој Африканец на подот додека полицајците му објаснуваат дека е време да се опушти.

– Имаш толку многу енергија! Ти си поенергичен од сите нас – му велат, а на крајот од видеото го изнесуваат овој човек, кој, се претпоставува, потоа бил испратен во родната земја, далеку од Јапонија.

 

Јапонија е земја со многу строги критериуми, па иако стотици бегалци секоја година влегуваат во Јапонија, дури 99 отсто од барањата за азил се одбиени.

Поврзани содржини