КОГА МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗАТА ЌЕ ВИ ЗЕМЕ СЀ, ОСВЕН ВОЛЈАТА ЗА ЖИВОТ Роберт има 49 години, целосно е беспомошен и веќе 3 години живее во дом за стари

Замислете да ве чеша носот, а не можете да се почешате, да сте жедни, а водата пред вас ви е недостижна како фатаморгана, да сте гладни, а мора да чекате некој да ве нахрани. Да ви ѕвони телефонот и додека вие посакувате да е тоа една од вашите ќерки чиј глас копнеете да го слушнете, ѕвонењето да престане затоа што не можете да се јавите ако некој друг не го направи тоа. Роберт Блажевски верува дека има надеж за него во роботската рехабилитација, витаминската терапија и правилната исхрана. Не треба да кренеме раце од него, нели?

1,035

Кога пред неколку дена се сретнав со Игорче (Игор Поповски), пријател со кој најмногу не поврзува она „че“ во нашите имиња кое ни го залепија нашите постари брат и сестра, неговиот Сашо и мојата Маца (инаку, најдобри другари уште од средношколските денови), не ни сонував дека во следните денови нема да можам да мислам на ништо друго освен на некојси Роберт.

„Почнав да работам во Црвен Крст, во службата Итно копче“ ми вели Игорче.
Ми раскажува дека неговата работа се состои во тоа што обезбедува транспорт до соодветната установа/институција на возрасни лица кои живеат сами и имаат потреба од помош, но и на други корисници, каков што е на пример споменатиот Роберт.






Станува збор за скопјанецот Роберт Блажевски, чија приказна накусо ми ја раскажа Игорче. Очигледно, неговата емпатичност го доведува во ситуација, дури и откако ќе му заврши смената на работа, да не му завршува грижата за корисниците со кои му поминува работното време.
А како му поминува, си знае само тој.

Но да се вратиме на Роберт со кој Игорче реши да ме запознае за да ја пренесам преку нашите портали неговата приказна и да се обидеме да му помогнеме.

И така, откако го одредивме денот, со службеното возило на Црвениот крст отидовме по Роберт во неговото живеалиште, домот за стари „Хармонија“ во Скопје.

Нашиот нов пријател нема ниту 50 години (роден е во 1975), а веќе 3 години живее во дом за стари лица.

Видеото и целата приказна за Роберт Блажевски можете да ги најдете ТУКА.

Поврзани содржини