Нема да биде истолерирано, ова е директен напад, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за уништувањето на плочата поставена во чест на бранителите кај Карпалак.
Тој уверува дека полицијата ќе ги казни сторителите.
„Како министер за внатрешни работи, а пред сè како човек најостро го осудувам вандализмот врз спомен плочата кај Карпалак, поставена во чест на загинатите припадници на нашите безбедносни сили во 2001 година”, вели Тошковски.
Тој оцени дека овој чин е директен напад врз нашата колективна меморија и кон оние кои го дадоа својот живот за зачувување на безбедноста и интегритетот на Македонија.