ШТО ГИ ПРЕДИЗВИКУВА НАЈТЕШКИТЕ БОЛЕСТИ И КАКО ДА ГИ СПРЕЧИТЕ? Дали навистина долгиот и здрав живот е најмногу прашање на избор?

Долгиот и здрав живот е прашање на ваш избор, тврди д-р Елизабет Блекбурн, добитничка на Нобеловата награда за медицина. Според неа, доколку ги почитувате основните правила, односно, доколку престанете да пушите, не се прејадувате, спортувате најмалку половина час на ден и здраво се храните, веќе сте го намалиле ризикот од развој на дијабетес за 90 отсто, а ризикот од срцев удар за 80 отсто.

364

За почеток, експертите велат дека генетските фактори се виновни за прераната смрт во околу 10 проценти од случаите. Но, што е со останатите 90 проценти?

„Тоа е вашата исхрана и начин на живот! Типичната исхрана на модерниот човек е всушност главниот виновник за прераната смрт и хроничните болести. Со други зборови, долгиот и здрав живот е прашање на ваш избор“, вели д-р Елизабет Блекбурн.






Што избираме секој ден?
Да размислиме, за многумина од нас одговорот нема да биде најповолен.

Дали сте пушач? Дали вежбате редовно? Дали престанувате да јадете кога веќе не сте гладни или јадете додека не изедете сѐ?

Ова се само дел од прашањата кои ги поставува д-р Блекбурн и вели дека следните правила се клучот за долг и здрав живот:

Престанете да пушите
Не се прејадувајте
Спортувајте најмалку половина час на ден (брзо одење исто така се брои)
Јадете здраво
Доколку веќе ги следите овие правила, д-р Блекбурн смета дека сте го намалиле ризикот од развој на дијабетес за 90 отсто, а ризикот од срцев удар за 80 отсто.

Исто така, овој начин на живот го намалува ризикот од мозочен удар за 50 отсто, а ризикот од развој на рак за 33 отсто.

Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

Поврзани содржини
na