СТОРИВ СЀ ШТО МОЖЕВ ЗА ДА СЕ ЧУВСТВУВА НЕПРИЈАТНО Еве како Ѓоковиќ ја искоментира победата над Надал

Мислам дека мечот ни значеше многу на двајцата. Мислам на нашето ривалство и спортот воопшто, изјави српскиот тенисер.

989

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата над Рафаел Надал со 6:1, 6:4 во второто коло во сингл на олимпискиот тениски турнир изјави дека е штета што Шпанецот не е во својата најдобра форма.

– За негова жал, тој не беше во најдобра форма, но направив сѐ што можев за да се чувствува непријатно на теренот. Мислам дека мечот ни значеше многу на двајцата. Мислам на нашето ривалство и спортот воопшто – изјави Србинот, кој во третото коло ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Италијанецот Матео Арналди и Германецот Доминик Кепфер.






За Рафаел Надал претстои уште еден натпревар во конкуренција на двојки, каде партнер е со Карлос Алкараз.

Поврзани содржини