РЕК БИТОЛА РАБОТИ САМО СО ЕДЕН БЛОК Прекин поради испад на далновод на МЕПСО

Комбинатот продолжува да работи само со Блок 3, до повторно ставање во функција на Блок 1 додека на Блок 2 во тек се ремонтни активности, информираат од ЕСМ.

54

Комбинатот РЕК Битола попладнево работи само со еден блок -Блокот 3, откако поради испад на далновод на МЕПСО, без напојување со струја останал Блокот 1, соопштија од ЕСМ.

„Попладнево, околу 16:45 часот поради испад на далновод на МЕПСО, без напојување со струја остана Блок 1 на РЕК Битола, по што постојката испадна од мрежа. Комбинатот продолжува да работи со еден блок, Блок 3, до повторно ставање во функција на Блок 1“ – наведуваат од ЕСМ.






Воедно, потсетуваат дека на Блок 2 во тек се ремонтни активности.

Поврзани содржини