ПРЕГАЗИ ВЕЛОСИПЕДИСТ, ИЗБЕГА, ПА САМ СЕ ПРИЈАВИ Возачот од тетовско Порој го призна делото

Возилото е задржано за вонреден технички преглед и криминалистичко-техничко вештачење, а за прекршителот ќе следуваа соодветна пријава.

224

Швајцарецот од тетовското село Порој кој пред два дена предизвика сообраќајка со смртни последици, и избега од местото на несреќата, вчера се пријавил во полиција и го признал делото. 30-годишникот од Порој со патничко возило со швајцарски регистарски таблички, удрил во велосипедист кој подоцна почина од здобиените повреди.

Како што соопштија од СВР Тетово, вчера во 13.25 часот во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово се пријавил А.К.(30) од тетовски Порој, кој бил со патничко возило „бмв х5“ со швајцарски национални ознаки со кое учествувал во сообраќајна несреќа со велосипед, која била пријавена во СВР Тетово на 22.07.2024, а во која велосипедистот им подлегнал на повредите во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.






Возилото е задржано за вонреден технички преглед и криминалистичко-техничко вештачење. Известен е јавен обвинител и ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

Поврзани содржини
na