ДИГИТАЛНИОТ АУТИЗАМ, ЗА РАЗЛИКА ОД „КЛАСИЧНИОТ“, МОЖЕ ДА СЕ ЛЕКУВА Како да го препознаете екранизмот кај детето?

Симптоматски, детето со дигитален аутизам се однесува како да припаѓа на аутистичниот спектар, односно има слабо или воопшто нема развиени говорни и комуникациски вештини – не реагира на своето име, не воспоставува контакт со очите, па дури и невербално не комуницира за неговите потреби

294

Дигиталниот аутизам е развојна состојба кај децата која се јавува поради зависност од екраните и се манифестира преку тешкотии во комуникацијата, повторувачки и стереотипни дејства, но за разлика од „класичниот“ аутизам, што е трајно нарушување, детето со овој облик е можно да се врати на уреден развоен пат.

Дигиталниот аутизам или екранизам може едноставно да се објасни како зависност од секаков вид екрани – мобилни телефони, ТВ, компјутери, таблети, вели психологот од Психијатриската болница за деца и младинци во Загреб Ивана Билиќ.






Таа додава дека нарушувањата се манифестираат до третата година од животот на детето.

„Знаеме дека причината за дигиталниот аутизам е прекумерната употреба на екрани и тоа не започнува стриктно од најрана возраст.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини