БАЛКАНОТ „ГОРИ“, ДЕНЕСКА Е НАЈТОПЛИОТ ДЕЛ ОД ЕВРОПА Итно предупредување е издадено за целиот регион

Исклучително топло време ќе се задржи и во Македонија. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

704

Во земјите од регионот денеска се активирани црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури, а метеоролозите повикуваат на почитување на правилата во дадените временски услови.

Температурата синоќа беше 30 степени во Дубровник, 29 степени во Сплит, а 28 степени во Риека. Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска. Во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, а само три хрватски региони Осиек, Карловац и Госпиќ немаат издадено предупредување за екстремно високи температури.






Во сите земји од регионот е издадено предупредување за многу висок УВ индекс.

Во Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина денеска се очекува температурите да достигнат до 39 Целзиусови степени, а во сила е портокалово предупредување. На повеќе места се очекува и тропска ноќ бидејќи минималната температура ќе се задржи над 20 степени.

„Преземете нешто, се очекуваат екстремно високи температури. Заштитете се себеси, децата и постарите лица. Постапувајте според советите издадени од надлежните органи“, предупредија метеоролозите.

Во Црна Гора ќе биде сончево и многу топло, а прогнозираната температура до 39 степени, во Подгорица дури 40 степени Морето ќе биде брановидно, а температурата ќе биде 25 степени.

Во Косово и денеска ќе се задржат високи температури до 36 степени, а здравствените власти предупредуваат да не се излегува на отворено во периодот од 10 до 16 часот и препорачуваат лесна облека, избегнување тешка храна и хидратација.

Исклучително топло време ќе се задржи и во Македонија. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

📷 ЈАДЕТЕ ОВОШЈЕ И САЛАТИ, ПИЈТЕ ВОДА, ИЗБЕГНУВАЈТЕ АЛКОХОЛ Еве што препорачуваат лекарите во битката со високите температури

ПЕКОЛОТ ДОПРВА СЛЕДИ Метеоролозите го вклучија алармот, над 40 степени до средина на следната недела

ЕЗЕРО ЛИ Е, БАЊА ЛИ Е? Дојранско 29,5, Преспанско 27,5, Охридско 26 степени

Поврзани содржини