ГЕРМАНСКА „ЕПСОТЕХ“ ЗАЕДНО СО БЕЛГИСКАТА „АИМ“ ЌЕ ГРАДАТ ПОГОН ВО ПЕТРОВЕЦ Мицкоски соопшти дека инвестицијата тежи 20 милиони евра
Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија.
Премиерот Христијан Мицкоски најави нова германско-белгиска инвестиција која ќе вработи 110 луѓе и ќе чини 20 милиони евра. Станува збор за германската компанија ЕПСОТЕХ која во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестираат во изградба на нов производствен погон во Петровец.
„Одлична вест за сите граѓани е дека германската компанија ЕПСОТЕХ во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон, за што ќе вложи 20 милиони евра.
Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија.
Со градежни активности се започнува на крајот на август, а за една година се планира вработување на повеќе од 110 наши сограѓани. Toa што е значајно дека дел од инвестицијата е и Центар за устражување и развој што дава голема додадена вредност на истата и ќе значи ангажирање на високо стручни вработувања. Инвестициите се решението за подобар живот на граѓаните“, напиша Мицкоски на Фејсбук.