📷 ФАТАЛНА И 25 ГОДИНИ ПОМЛАДА Холивудскиот шмекер во врска со раскошната манекенка
Еден од најголемите холивудски шмекери и миленици, актерот Џерард Батлер (54), чие име се поврзува со познати убавици, повторно е во врска - со 25 години помладата манекенка и ѕвезда на „Спортс илустрејтед“ Пени Лејн.
Еден од најголемите холивудски шмекери и миленици, актерот Џерард Батлер (54), чие име се поврзува со познати убавици, повторно е во врска – со 25 години помладата манекенка и ѕвезда на „Спортс илустрејтед“ Пени Лејн.
Парот бил виден на романтична прошетка, а подоцна и во еден локален паб, а изгледале многу блиски и оставале впечаток дека помеѓу нив има нешто многу повеќе од пријателство.
Батлер цело време ја забавувал убавата манекенка, па на објавените фотографии може да се забележи дека двајцата уживаат да бидат заедно.
Фотографии од манекенката и актерот објави британски „Сан“, а двајцата сè уште не се огласиле за наводната врска.
View this post on Instagram
Пени Лејн е позната по соработката со бројни престижни брендови „Долче и Габана“, Армани, „Балмејн“, „Барбери“, „Интимисими“ и СКИМС, а се појави и во спотот на Дрејк во 2022 година.
Таа неодамна го привлече вниманието на ревијата организирана од магазинот „Спортс илустрејтед“, на чија насловна се појави минатата година.
View this post on Instagram
Многумина поради нејзините фотографии од помладите денови мислат дека направила пластична операција за зголемување на градите, иако таа упорно негира.
Џерард Батлер беше поврзуван со романската убавица Мадалина Џенеа, актерката Џенифер Анистон и други, а пред врската со Пени, девет години беше во врска во дизајнерката на ентериер Морган Браун.