📽️ ПРВИ СНИМКИ ОД УБИСТВОТО ОД БАТИНЦИ Изрешетан џипот во кој биле двајцата браќа, специјалци и хеликоптер трагаат по напаѓачите
Засега непознатите лица од Мерцедесот се во бегство. По нив се трага од специјални единици меѓу кои и хеликоптерската единица на МВР. Најверојатно напаѓачите се упатиле кон селото Драчевица.
Се појавија и првите снимки од пукањето во Батинци каде животот го загуби едно лице додека друго со потешки повреди е пренесено на скопските клиники. Загинатиот е 34-годишник, додека повредениот е негов брат има 32 години.
Како што може да се види на снимките теренец „Форд“ со италијански ознаки стои изрешетан на улица, хеликоптер го надлетува скопско Батинци, a специјалците се на терен и го обезбедуваат местото каде утринава се случи вооружениот напад со автоматско оружје. Престрелката во СВР Скопје била пријавена во 09 часот и 25 минути, пренесува Телма.
Жители на Батинци тврдат дека синоќа меѓу 1 и 2 часот слушнале истрели од оружје во селото и не исклучуваат поврзаност со конкретниот инцидент. Жртвите во пукањето се жители на селото Црн врв. На местото на престрелката 34 годишникот веднаш им подлегнал на повредите, здравствената состојба на повредениот за сега е непозната, но тој имал имал повреди во десното рамо.
Според информациите од терен двајцата жители на Црн Врв додека се возеле биле пресретнати од друго возило „Мерцедес“ со германски национални таблички во кое имало две лица.
Од ТВ21 информираат дека на двете лица во возилото „Мерцедес“ лицата им биле покриени со маски. Во рацете имале огнено автоматско оружје по што отвориле оган кон џипот „Форд“.
Засега непознатите лица од Мерцедесот се во бегство. По нив се трага од специјални единици меѓу кои и хеликоптерската единица на МВР. Најверојатно напаѓачите се упатиле кон селото Драчевица.
Во 2020 година пукање меѓу повратник од Италија имаше во чајџилница во село Црн Врв. Тогаш, едно лице беше убиено, а три тешко повредени. Група од неколкумина од село Батинци, предводена од повратник од Италија кој од поодамна и беше познат на полицијата нападна друга група која седела во чајџилницата. Засега нема информации дали овие два настани се повразни.