ЦРВЕНИОТ АЛАРМ ЗА ТЕРОРИЗАМ ГИ ПОКРЕНА СРБИТЕ НА МОРЕ Од МВР ја објаснија гужвата на Табановце

АМСМ соопшти дека утрово на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 30 минути. Исто толку време се чека на граничниот премин Богородица за излез од земјава.

1,315

Министерството за внатрешни работи соопшти дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.

„Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба“, се наведува во соопштението од МВР.






АМСМ соопшти дека утрово на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 30 минути. Исто толку време се чека на граничниот премин Богородица за излез од земјава.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

Поврзани содржини