СОБРАНИЕТО УТРЕ ЌЕ ОДРЖИ КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА Африм Гаши изрази сочувство до семејството на Стојан Андов
Стојан Андов, засекогаш ќе остане запаметен како прв претседател на плуралистичкото Собрание, кој со право се смета за основоположник на новата парламентарна традиција кај нас - истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши по повод смртта на Стојан Андов изразува сочувство до семејството и пријателите на првиот претседател на Собранието.
– По повод смртта на првиот претседател на републичкото Собрание по осамостојувањето на државата, Стојан Андов, изразувам најдлабоко и најискрено сочувство до семејството Андов, како и до неговите колеги, пријатели и соработници – вели Гаши.
Стојан Андов, додава, засекогаш ќе остане запаметен како прв претседател на плуралистичкото Собрание, кој со право се смета за основоположник на новата парламентарна традиција кај нас.
– Во знак на почит кон г. Андов утре ќе присуствувам на неговиот погреб, додека исто така утре, во 13.00 часот, во просториите на Собранието ќе организираме и комеморативна седница. Нека е вечен неговиот спомен! – посочува Гаши.