🎥 📷 „СЕГА И НЕ СЕ МИЈАМ…“ Беше холивудска ѕвезда, а потоа го напушти актерството и им се посвети на виноградите

Веќе не морам да се грижам за тоа како изгледам. Изгледот буквално ми е последното нешто на ум, преку ден не ми ни паѓа на памет, вели Камерон Дијаз која во 2018 година го напушти Холивуд.

944

Славната актерка Камерон Дијаз во 2018 година го напушти актерството и холивудскиот гламур и нема намера да се врати во центарот на вниманието. Денеска се занимава со винарство и повеќе внимава на личниот живот. Актерката и нејзиниот сопруг, музичарот Бенџи Маден, се во брак од 2015 година.

На почетокот на 2020 година, тие ги изненадија фановите кога објавија дека ја добиле ќерката Редикс од сурогат мајка, а во март оваа година пристигна и нивното второ дете. Во подкастот „Рул брејкерс“ на Би-Би-Си, Дијаз зборува отворено за својот живот откако го напушти актерството.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

Таа призна дека чувствува дека го направила вистинскиот потег, иако оттогаш одбила филмски понуди вредни околу 100 милиони долари.

– Паднав во стапицата на Холивуд и станав жртва на сета експлоатација на која се изложени жените. Дозволив да ме третираат како предмет – вели славната актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AVALINE (@avaline)

Камерон истакнува дека сегашниот живот далеку од филмскиот свет, ѝ се допаѓа многу повеќе.

– Веќе не морам да се грижам за тоа како изгледам. Изгледот буквално ми е последното нешто на ум, преку ден не ми ни паѓа на памет. Живеам како ѕвер, не се ни мијам. Имам милион производи за убавина и сите тие собираат прашина на полиците. Можеби два пати месечно земам некоја крема, ја нанесувам и размислувам – добро, претпоставувам дека е доволно, дали ќе делува ако нанесам само еднаш? Едноставно не сум во ситуација во моментов да трошам енергија на својот изглед – истакнува Камерон Дијаз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

Иако Камерон избегнува јавни настапи, таа е активна на Инстаграм, каде што се пофали со виното што го прави од органско грозје во кое нема шеќер, а ја напишала и книгата The Body Book: The Law of Hunger, The Science of Strength, и Други начини да го сакате вашето неверојатно тело.

Поврзани содржини