📽 ЗГРАДАТА ВО КОЈА ЖИВЕАТ 20.000 ЛУЃЕ Тоа е микрокосмос кој обезбедува сè

Она што го прави комплексот уникатен е фактот што луѓето никогаш не мора да ја напуштаат зградата за да ги задоволат своите секојдневни потреби, пишува „Јунилад“.

732

Во средиштето на деловниот град Чијанжијанг Сенчури Сити, во рамките на населбата Хангжоу, се наоѓа „Реџент интернешнел“ – еден од најголемите станбени згради во Кина.

Овој џиновски комплекс е висок повеќе од 200 метри и има над 260.000 квадратни метри површина. Дом е на речиси 20.000 луѓе, а може да прими и 30.000 жители. Она што го прави уникатен е фактот што луѓето никогаш не мора да ја напуштаат зградата за да ги задоволат своите секојдневни потреби, пишува „Јунилад“.

 






Ттука не се работи само за станбен комплекс – тоа е „микрокосмос“ што обезбедува сѐ што е потребно за живот.

Жителите имаат пристап до широк спектар супермаркети, ресторани, берберници, салони за фризури и нокти, базени, интернет-кафулиња… Огромната зграда првично била замислена како луксузен хотел со шест ѕвезди, а потоа е претворена, делумно и во станбен комплекс.

Денес е дом на повеќе јавни личности, блогери и познати ѕвезди.

Говорејќи за изнајмувањето, стан без балкон чини 1.500 кинески јуани (скоро 200 евра) месечно, а апартман со балкони може да чини и до 4.000 јуани (скоро 520 евра) месечно.

Поврзани содржини