ПО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ ОТКРИЕНА МИСТЕРИЈАТА Еве што ѝ рекла кралицата Елизабета на принцезата Дијана на денот на венчавката
Принцезата Дијана и Чарлс, тогашен британскиот принц, се венчаа во јули 1981 година, а нивната венчавка беше проследена низ целиот свет.
Принцезата Дијана и Чарлс, тогашен британскиот принц, се венчаа во јули 1981 година, а нивната венчавка беше проследена низ целиот свет.
Читачка од усни сега откри за „Дејли мејл“ што кралицата Елизабета Втора ѝ рекла на Дијан на денот на венчавката.а
Читачката од усни открила дека Чарлс тогаш ѝ рекол на Дијана: „Изгледаш совршено. Дај ми ја раката“, што таа го направила, а откако другите членови на кралското семејство им се придружиле на балконот, кралицата Елизабета покажала на толпата и ѝ шепнала на принцезата Дијана да ги „погледне сите оние луѓе кои чекаат таму цел ден само за да ја видат“, пишува „Дејли мејл“.
Кога принцот Чарлс ја видел својата невеста, го дочекале скандирања „бакнете ја“, што тој тоа го испочитувал.
Да потсетиме, на 29 јули 1981 година, Чарлс, тогашниот принц од Велс, се ожени со леди Дијана Спенсер, најмладата ќерка на Џон Спенсер, VIII гроф од Спенсер и глава на една од најпознатите и најстарите аристократски куќи во Велика Британија, за која многумина велат дека има посина крв од најсината кралска крв.
Врската помеѓу Дајана и Чарлс пред нивниот брак всушност не ни постоела. Пред венчавката се сретнале само неколкупати, а Дијана на својот иден сопруг му се обраќала со „господине“. При објавувањето на свршувачката, на сите им станало јасно дека Чарлс не е вљубен во својата идна сопруга, но тоа изгледа никому не му претставувало проблем.