Да вложуваш во стабилен партнер и да не го понижиш – тоа е влог во иднината на Македонија
Сите кои се обидуваат да покажат дека ВМРО „им дало сѐ на Албанците“,притоа свесно или несвесно портретирајќи се себеси како шовинисти, во крајна линија работат за интересите на ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник. Може самата да направи влада, но избира коалициони партии, бидејќи е исправно и нормално да има значаен претставник на македонските Албанци (Влен) и бидејќи смета дека и во ЗНАМ ќе има солиден партнер за две работи – 80 пратеници за реорганзиација на министерства и европски закони (додај и Бадентерово мнозинство кога е Влен во прашање). ЗНАМ и како баланс на СДСМ. Зашто, ЗНАМ декларира патриотизам, за разлика од СДСМ (ќе видиме како ќе се постави СДСМ со идното раководство).
Со 61 пратеник ВМРО може да условува кој што „ќе добие“ од распределбата на ресорите. Но, избира да не го понижи Влен, бидејќи тоа е влог во иднината на Македонија. Да вложуваш во стабилен партнер, да ја придобиеш лојалноста во име на националните интереси и да не му дадеш прилика на нереформираното ДУИ да ровари и да печали поени, да прави кризи и да ја растура здружената опозиција.
Споредено со владеењето на СДСМ со 46 пратеници, кои зависеа од ДУИ и речиси од сите други партии кои денес се во Влен и кои се изротираа во таа власт на кој ресор посакаа (БЕСА беше на листите со СДСМ – СДСМ еднаш беше спасен од Таравари, еднаш од Гаши), власта на ВМРО-ДПМНЕ со 61 пратеник и великодушното споделување со коалиционите партнери не може ни по математика, ни по суштина, да биде нималку слична на претходната власт. Односно, секој секогаш може да биде сменет, ако не си ја врши работата согласно со програмските и стратешки определби на мнозинството на ВМРО, усогласени со коалициските партнери.
Сите кои се обидуваат да покажат таква слика – ВМРО „им дало сѐ на Албанците – која како и многу обиди ќе избледнее за кратко време (иако од старт е трагикомичен обидот), притоа свесно или несвесно портретирајќи се себеси како шовинисти (додека обвинуваат други за шовинизам), во крајна линија работат за интересите на ДУИ. Што нема да е прв пат. Но е срамота. Што исто така нема да е прв пат.
Сѐ друго на темава се дрндупки и чанче-муабети за пред кооперација.
(Фејсбук статус на авторот)