📽 ДОНЧИЌ БРКА ТИТУЛА ВО НБА Магична тројка на Словенецот за втора победа на Далас

Лука Дончиќ натпреварот го заврши со трипл-дабл ефект, петти во плеј-офот, реализирајќи 32 поени, 10 скокови и 13 асистенции.

206

Лука Дончиќ погоди клучна тројка на 3 секунди пред крај за втора победа на Далас против  Минесота со 109-108 во вториот натпревар од финалето на Западната конференција. Со овој триумф Далас поведе со 2-0 во финалната серијата.

Дончиќ натпреварот го заврши со трипл-дабл ефект, петти во плеј-офот, реализирајќи 32 поени, 10 скокови и 13 асистенции. Кајри Ирвинг додаде 20 поени, а Даниел Гафорд 16.






Наз Рид ги предводеше Тимбервулфс со 23 поени, но беше непрецизен во обидот да постигне тројка во последниот напад.

Следните два натпревари од серијата се играат во Далас, а третиот е закажан за в недела.

Поврзани содржини