СЕ ОГЛАСИ СРБИНОТ ШТО БЕШЕ ПРИЈАВЕН ЗА ИСЧЕЗНАТ ПО ПРЕСТОЈОТ НА СВЕТА ГОРА Се јавил на телефон и кажал каде се наоѓа

39-годишниот новосаѓанец Иван Штрба на медиумите им кажал само четири збора.

638

Србинот Иван Штрба кој исчезна за време на аџилак во Грција, се јави од Света Гора и рече дека сè уште е таму.

39-годишниот новосаѓанец кој според грчкиот портал „Прототема“ бил исчезнат и за кого од 13 мај во Грција бил активиран „сребрен аларм“, контактирал со српските медиуми кои му се јавиле на неговиот телефонски број.
– Да, на Света Гора сум – кратко одговорил Иван, додека сигналот се губел, а во позадина се слушале гласови и бучава, пишува „Курир“.






Да потсетиме, Штрба (39) престојувал како гостин на Света Гора, од каде заминал на 13 мај. Од тој ден, според порталот „Прототема“, тој исчезнал без трага. На тој ден му истече визата за престој за Света Гора.

Во соопштението на грчкиот „Лајфлајн“, веб-страница која се занимава со исчезнати лица, се наведува дека тој бил сам на Света Гора.

Поврзани содржини