ПУКАЊЕ ВО СТОКХОЛМ Оружен инцидент во близина на амбасада на Израел
Полицијата одбила да коментира дали има врска меѓу инцидентот и израелската амбасада.
Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.
Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.
„Во врска со истрагата која е во тек, сознанијата го потврдуваат сомнежот дека имало пукање“ – објави полицијата на својата веб-страница.
Шведската новинска агенција ТТ соопшти дека полицијата одбила да коментира дали има врска меѓу инцидентот и израелската амбасада.