ОФИЦИЈАЛНО ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА О-ЏЕЈ СИМПСОН Поранешниот американски фудбалер боледувал од тешка болест
О-Џеј Симпсон првпат откри дека се бори со ракот, иако не прецизираше со кој, во мај 2023 година, но тогаш посочи дека ја победил болеста.
О-Џеј Симпсон, поранешниот американски фудбалер, кој беше ослободен од обвинението за убиство на сопругата и нејзиниот љубовник во 1995 година во случај кој предизвика голем интерес кај американската јавност, починал од рак на простата, објави ТМЗ.
Малколм ЛаВерњ, долгогодишниот адвокат на Симпсон, ги потврди овие наводи.
Симпсон првпат откри дека се бори со ракот, иако не прецизираше со кој, во мај 2023 година, но тогаш посочи дека ја победил болеста. Сепак, тој изгледаше многу изнемоштено на неговите последни неколку јавни појавувања, дури и одеше со бастун во јануари 2024 година.
О.Ј. Симпсон почина на 10 април на 76-годишна возраст.