ДАЛИ СТЕ ПРОБАЛЕ МЛЕКО ОД КИКИРИТКИ? Се прави од две состојки, а кога ќе го пробате ќе се прашате зошто досега не сте го направиле

Лесно се подготвува и нуди уште еден избор за оние кои сакаат да се хранат поздраво. Во оваа статија, ќе дознаете повеќе за млекото од кикиритки, но и рецепт за да го направите сами.

130

Растителните млека станаа многу популарни со текот на годините, или поради здравствени причини (нетолеранција на лактоза) или поради преференции на вкус. Новите, различни видови млеко без млечни производи кои секој може да ги проба стануваат сѐ попопуларни. Меѓу нив е и млекото од кикиритки, кое не е ново, но сепак е помалку познато и потешко е да се најде во продавниците од, на пример, бадемовото, кокосовото или оризовото млеко.

Ова млеко е природно веганско, кошер и без холестерол, а токму поради главната состојка – кикиритките, има високо ниво на протеини. Иако можеби овој пијалак не е добро познат на нашите простори, тој постои одамна. Го развил Џорџ Вашингтон Карвер, кој го нарекуваат и „човек од кикиритки“. Со многу малку состојки, Карвер смислил рецепт за млеко од кикиритки со вкус споредлив со кравјото млеко, иако неговото производство било многу поевтино.






Рецептот ќе го најдете на „Арт кујна“.

Поврзани содржини