АЛКАРАЗ НЕМА СРЕЌА ВО МОНТЕ КАРЛО Шпанскиот тенисер го откажа настапот

Шпанецот објави дека се повлекува од настапот на Мастерс турнирот во Монте Карло поради повреда на мускулот на десната рака.

1,441

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска објави дека се повлекува од Мастерсот во Монте Карло поради повреда на мускулот на десната подлактница.

– Тренирав во Монте Карло и се обидував до последен момент да се рехабилитирам, но тоа не беше можно и морав да се повлечам – напиша Алкараз во објавата на Твитер.






Алкараз во второто коло требаше да игра против Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасим.

Шпанецот поради повреда го пропушти и минатогодишниот Мастерс во Монте Карло.

Поврзани содржини