ШТО АКО НЕ СЕ НАЈДЕ ТЕЛОТО НА ДАНКА? Крунскиот доказ во случајот не е признанието, туку нешто друго
Кога телото не е пронајдено, обвинетиот за убиство може да биде осуден, доколку има други докази врз основа на кои судот пресуди дека некој сторил кривично дело. Во овој случај, ДНК во автомобилот кој е вештачен е силен доказ. Доколку се утврди дека е на Данка, тоа може да се поврзе со сторителите, вели адвокатот Вук Стевановиќ за Мондо.
Признанието на злосторство не секогаш се смета за доволен доказ за осудување некого, а во случајот со двегодишната Данка која беше убиена во Србија, крунски доказ може да бидат остатоците од ДНК на автомобилот „фиат панда“. Вака смета адвокатот Вук Стевановиќ.
Уште повеќе, Стевановиќ вели дека допрва треба да се докаже дека крвта на автомобилот припаѓа на Данка.
– Кога телото не е пронајдено, обвинетиот за убиство може да биде осуден, доколку има други докази врз основа на кои судот пресуди дека некој сторил кривично дело – вели Стевановиќ за Мондо и додава:
– Во овој случај, ДНК во автомобилот кој е вештачен е силен доказ. Доколку се утврди дека е на Данка, тоа може да се поврзе со сторителите.
Стевановиќ потсетува на примерот со исчезнатата српска државјанка во САД Ана Волш, чие тело никогаш не беше пронајдено, а за чие убиство беше осуден нејзиниот сопруг, Брајан Волш.
Но сепак, ако телото не биде пронајдено и нема обдукција, а во отстуство на други докази кои ќе ја поткрепат пресудата Стевановиќ предупредува дека казната може да биде и пониска, односно дека одбраната може да го искористи тоа во своја полза на суд.
Тој потсетува дека самото тоа што возилото се движвело и се враќало, како и тоа што осомничените признале дека пробале да го скријат телото исто така се докази, а дали доказите се совпаѓаат, според него, треба да покаже истрагата.
Во меѓувреме, од Основното јавно обвинителство во Зајечар за српски „Новости“ изјавиле дека осомничените С.Ј. и Д.Д. во ова обвинителство уште не се сослушани, а дека правната квалификација на делото ќе се утврди на основа на кривичната пријава со која осомничените ќе бидат испратени во обвинителството.
На осомничените им се распоредени бранители по службена должност.