📷 ЌЕРКАТА НА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ И БРЕД ПИТ СЕ СЕЛИ КАЈ ТАТКО Ѝ Славниот актер е пресреќен поради одлуката на 17-годишната Шајло
Шајло не е несреќна кај Анџелина, но наскоро ќе наполни 18 години и сака промена. Освен тоа, таа го обожува Бред и отсекогаш била татина ќерка, објавија британските таблоиди.
Ќерката на некогаш најславната холивудска двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло во мај ќе наполни 18 години и тогаш планира да се пресели да живее кај нејзиниот татко, пишува „The Sun“.
– Шајло не е несреќна кај Анџелина, но наскоро ќе наполни 18 години и сака промена. Освен тоа, таа го обожува Бред и отсекогаш била татина ќерка – вели добро упатен извор за британскиот таблоид, додавајќи дека актерот бил пресреќен со таквата нејзина одлука.
View this post on Instagram
Како што е познато, Анџелина Џоли досега не се обидела да ја спречи Шајло во нејзините намери.
За разлика од Шајло, посвоените деца на поранешната двојка, 22-годишниот Медокс, 20-годишниот Пакс Тиен и 19-годишната Захара, го отфрлија Бред откако станаа полнолетни.
View this post on Instagram
Захара дури и го отфрли презимето на нејзиниот татко, а Пакс во една објава на социјалните медиуми од пред четири години го нарече Пит „кретен од светска класа кој го претвори во пекол животите на моите најблиски “.
View this post on Instagram
Шајло Џоли Пит е биолошка ќерка на Бред и Анџелина, како и 15-годишните близнаци Вивиен и Нокс. Во детството повеќе сакаше да се облекува и да наликува на машко, но сега таа израсна во прекрасна девојка која плени со својата убавина и шармот наследен од нејзините славни родители.