СЛОВЕНЦИТЕ ГО ПРОДАВААТ КРЕВЕТОТ ВО КОЈ СПИЕЛ РОНАЛДО Почетната цена е 5.000 евра

Парите од продажбата на љубљанскиот хотелски кревет на Роналдо ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

263

Хотелот Гранд Плаза во Љубљана одлучи да го продаде креветот во кој спиел фудбалерот Кристијано Роналдо минатата недела, кога Словенија и Португалија одиграа пријателски натпревар. Бидејќи многу фанови не можеа да дојдат до Роналдо и да добијат автограм или да се фотографираат, управата на хотелот одлучи да го стави креветот на аукција. Почетната цена за креветот на Роналдо е 5.000 евра, а парите ќе бидат наменети за хуманитарни цели, јавува порталот 24UR.

Преку фотографиите на сите фанови им се нуди поглед на собата во која престојуваше португалскиот фудбалер.






„На сите им посакуваме многу среќа и успешно учество на аукцијата“ – објави порталот.

Словенечкиот портал наведува и дека навивачите се обидувале да го следат Кристијан Роналдо на секој чекор, но фудбалерот успеал да ги избегне обидите да дојдат до него.

Навивачите го чекаа неколку часа на аеродромот „Јоже Пучник“, а потоа и пред хотелот Гранд Плаза, каде што престојуваше со португалската репрезентација.

Репрезентациите на Словенија и Португалија на 26 март одиграа пријателски натпревар на стадионот „Стожице“ во Љубљана, Словенците славеа победа од 2-0.

Поврзани содржини
na