БУГАРИЈА ДЕФИНИТИВНО ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ Марија Габриел од ГЕРБ го враќа мандатот

Еден од проблемите во преговорите со коалицискиот партнер партијата „Продолжуваме промената“ е личноста предложена за министер за внатрешни работи.

806

Утре ќе поднесам писмо дека ја повлекувам кандидатурата за премиер. ГЕРБ нема да учествува во преговорите за втор мандат, изјави мандаторката за новата бугарска влада Марија Габриел.

– Имаме заеднички точки, но веројатно ќе се вратиме на нив по изборите. Останувам вицепремиер и министер за надворешни работи – рече таа, додавајќи дека се надева дека ова се моменти за размислување за иднината на земјата, за повеќе понизност и одговорност.






На брифинг во својата ГЕРБ, кандидатката за премиер на Бугарија уште рече дека направивиле многу отстапки и дека еден од проблемите во преговорите со коалицискиот партнер партијата „Продолжуваме промената“ е личноста предложена за министер за внатрешни работи.

 

Поврзани содржини