📽️ „НÈ ТЕПАА ПРИ СЕКОЕ ДВИЖЕЊЕ“ Лекари од Газа тврдат дека биле малтретирани од израелските сили
Го удираа секој што се обиде да ја движи главата или да направи какво било движење. Ги тераа луѓето да клечат околу два часа, изјави за Би-Би-Си главниот администратор на болницата, доктор Атеф Ал-Хут.
Доктори од болницата Насер во Кан Јунис во јужна Газа за Би-Би-Си изјавија дека израелските војници при претрес ги понижувале, ги тепале, ги полевале со ладна вода и ги принудувале да клечат со часови. Ова тврдење беше демантирано од ИДФ, Израелските одбранбени сили.
Ахмед Абу Сабха, 26-годишен лекар во болницата рече дека бил задржан една недела, му поставиле кучиња, а израелски војник му ја скршил раката. Неговата приказна ја потврдија уште двајца лекари кои сакÈаа да останат анонимни поради страв од одмазда.
Претресот се случил на 15 февруари кога ИДФ влегоа во болницата по дојава дека терористи на Хамас се кријат таму. ИДФ тврдеше дека уапсила повеќе од 200 лица поврзани со тероризам.
Еден ден подоцна, кога болничарите биле киднапирани, снимено е видео на кое се гледаат низа мажи во долна облека како клекнуваат надвор од болницата со рацете над главите.
– Го удираа секој што се обиде да ја движи главата или да направи какво било движење. Ги тераа луѓето да клечат околу два часа – изјави за Би-Би-Си главниот администратор на болницата, доктор Атеф Ал-Хут.
Лекарот Абу Сабха изјавил дека во притвор биле принудувани да стојат со часови без пауза, да лежат на стомак и им било забрането да се хранат. Ослободените затвореници и други медицински лица изјавиле за Би-Би-Си дека ИДФ ги испрашувале и тепале медицинскиот персонал во породилиштето.
Абу Сабах бил однесен во породилиштето, кое, како што рече, станало „место на тортура“.
– Ме качија на стол и сè изгледаше како егзекуција. Слушнав звуци од јажиња, па мислев дека ќе ме погубат. Потоа го скршија шишето и стаклото ми ја пресече ногата. Ме оставија да искрварам. Потоа почнаа да носат лекар по лекар, да ги редат. Ги слушнав нивните имиња и гласови – додаде тој.
Би-Би-Си добиле видео снимка од болницата на која се гледа како војниците на ИДФ туркаат два болнички кревети во кои има луѓе со рацете над главите, кои се врзани.
Од ИДФ негирале дека извршиле „лажни егзекуции“ на затворениците.
„Нагласуваме дека не им ги врзавме рацете на пациентите кои не беа осомничени за вмешаност во тероризам“, соопшти ИДФ.
Во врска со соголување ИДФ соопштила дека во некои ситуации осомничените се соголуваат.
„Како правило, кога се апсат, осомничените за тероризам честопати мораат да ја предадат својата облека за да можеме да ја пребараме и да се увериме дека не кријат експлозивни елеци или друго оружје. Не им ја враќаме облеката веднаш на уапсените поради можност да имаат скриено опасни предмети како ножеви. Ние им ја враќаме облеката кога ќе обезбедиме сѐ“.
Неколку лекари рекоа дека ИДФ не им дозволува да ги закопаат или преместуваат телата на пациентите кои починале по рацијата. Телата биле оставени со болничарите во собата и почнале да се распаѓаат.
– Смрдеата се рашири низ одделението. Пациентите врескаа, молејќи ме да ги извлечам од таму – изјавил лекарот Хатим Раба, кому ИДФ му дозволил да остане со пациентите. Раба рече дека и тој бил соблечен и натеран да клекне пред собата за итни случаи, но потоа бил вратен кај пациентите.
Тој додаде дека не знае што се случило со неговите колеги кои останале во дворот.