🎥 СЕ УРНА РУСКИ ТРАНСПОРТЕН АВИОН Молк од руските власти за инцидентот во близина на Москва

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како авионот ИЛ-76 се спушта кон земјата со еден од моторите во пламен.

388

Руски воен транспортен авион се запалил и се урнал во регионот Иваново североисточно од Москва, јавија денеска локалните медиуми.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како авионот ИЛ-76 се спушта кон земјата со еден од моторите во пламен.






На друга снимка се гледа облак црн чад што се издига од местото на несреќата.

Руските власти сè уште не го коментирале за падот на авионот, пишува Москва тајмс.

Поврзани содржини