🎥 КАКОВ ТАТКО, ТАКОВ СИН Надал јуниор го „украде“ шоуто во Лас Вегас
Додека Рафаел Надал играше против Карлос Алкараз на егзибицискиот турнир „Нетфликс слем“, неговиот син Рафаел јуниор се забавуваше на трибините со рекет во рака и стана миленик на публиката.
Шпанското дерби и спектаклот во Лас Вегас на егзибицискиот турнир „Нетфликс слем“ му припадна на Карлос Алкараз, кој по супер тај-брејк го совлада својот 37-годишен сонародник Рафаел Надал со 6-3, 4-6, 7-6.
Надал е во процес на опоравување од повреда и влегува во форма за сезоната на земјена подлога, а бидејќи овој турнир беше од егзибициски карактер, Надал дојде со семејството, сопругата и синот.
И додека Шпанецот играше тенис на терен, неговиот син Рафаел јуниор се забавуваше на трибините со рекет во рака и стана миленик на публиката.
Секако, коментарот беше дека момчето му го украде шоуто на познатиот татко, но и на Алкараз. Еве како Рафал јуниор се справува со рекетот на трибините во Лас Вегас:
View this post on Instagram