🎥 АКТЕРКАТА ЕЛИЗАБЕТ ХАРЛИ ВО ЕРОТСКА СЦЕНА СО ДЕВОЈКА ВО ФИЛМОТ НА СИН Ѝ Излезе трејлерот на „Стриктли конфиденшал“
Ликот на Лили, кој го игра Елизабет, ја заведува Наташа која ја игра младата актерка Пеар Чиравара. Во интервју за „Пипл“, Демиен откри дека мајка му пред неколку години ветила дека ќе игра во неговиот прв филм, а кога конечно добила зелено светло, отфрлила сѐ за да го оствари ветувањето.
Трејлерот за филмот „Стриктли конфиденшал“ ја прикажува 58-годишната актерка Елизабет Харли како се забавува со друга жена во сцени снимени и режирани од нејзиниот син, Демиен Херли, кому ова му е режисерско деби.
Ликот на Лили, кој го игра Елизабет, ја заведува Наташа која ја игра младата актерка Пеар Чиравара. Во интервју за „Пипл“, син ѝ Демиен откри дека мајка му пред неколку години ветила дека ќе игра во неговиот прв филм, а кога конечно добила зелено светло, отфрлила сѐ за да го оствари ветувањето.
– Ми беше задоволство да доаѓам на работа и секој ден да работам со мајка ми. Имавме само 18 дена да го снимиме целиот филм, па нашата телепатија беше непроценлива. Работењето со толку посветена и талентирана актерска екипа беше инспиративно. Јас сум им вечно благодарен за довербата и вербата во мене на сите што учествуваа – рече Демиен и ја пофали мајка си.