ИНВЕСТИЦИЈАТА НА МИТИЛИНЕОС ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ПОЕВТИНА СТРУЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ Битиќи истакна дека договорот е дел од долгорочната стратегија
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека со изградбата на гасната централа во Скопје освен што ќе се добијат дополнителни количини на струја за енергетскиот систем и ќе се задоволат потребите за топлинска енергија.
Со договорот за стратешката инвестиција на Митилинеос за изградба на когенеративна централа во Скопје, обезбедивме модел со кој обезбедуваме поевтина струја за граѓаните во наредните 20 години, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во „Топ Тема” на ТВ Телма.
Битиќи истакна дека енергетската транзиција во државата ќе се случи не само со јавни инвестиции, туку и со приватни инвестиции, кои се неодминливи.
Вицепремиерот за економски прашања посочи дека со изградбата на гасната централа во Скопје освен што ќе се добијат дополнителни количини на струја за енергетскиот систем и ќе се задоволат потребите за топлинска енергија.
– Потребата од топлинска енергија во Скопје е 510GW, а моментално се произведува 275GW, имаме разлика која е израз на потребата за затоплување на домовите во Скопје, со изградбата на оваа централа, таа потреба ќе биде задоволена, а со тоа ќе се обезбеди и топлинска енергија за дополнителни 36.000 домаќинства во главниот град – рече Битиќи.