ГО ПОБЕДИ РАКОТ, А ПОТОА ЈА ДОНЕСЕ СВОЈАТА ЗЕМЈА ДО ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА Неверојатна приказна на голгетерот на „Слоновите“
Брегот на Слоновата коска одигра неверојатен турнир. Самите не знаат како минаа во нокаут фазата, откако загубија два натпревари во групата.
Фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата коска на домашен терен стана шампион на Африка. Во финалето, Брегот на Слонова коска ја победи Нигерија со 2:1 (0:1). Апсолутен херој на „слоновите“ е Себастијан Але, кој во 81 минута го постигна голот со кој на Брегот на Слоновата коска ѝ го донесе третиот трофеј во историјата,
Да биде триумфот поголем, на стрелецот Але кон крајот на 2022 година му беше дијагностициран рак на тестисите. Напаѓачот на Борусија Дортмунд по седум месеци ја победи болеста, се врати на теренот, и го доведе својот тим до овој триумф.
Брегот на Слоновата коска одигра неверојатен турнир. Самите не знаат како минаа во нокаут фазата, откако загубија два натпревари во групата. Во четвртфиналето против Мали, со играч помалку изборија продолженија во 90.минута, а до победата дојдоа во 120. минута. Против ДР Конго, во полуфиналето, решавачки беше исто така голот на Але.
Во финалето од 38. минута Нигерија имаше предност со голот на капитенот Еконг. Во второто полувреме Кеси изедначи во 62., а голот за победа го постигна херојот на мечот Себастијан Але во 81.минутa.