ЗЕМЈОТРЕС УТРОВО ГИ РАЗБУДИ ОХРИЃАНИ И КИЧЕВЦИ Епицентарот бил во Албанија
Епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда од 3,6 степени.
Земјотрес со јачина од трет степен утрово во 6.32 часот е почувствуван во Охрид и Кичево, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда од 3,6 степени.