ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 3,6 СТЕПЕНИ ВО АЛБАНИЈА Нема информации за повредени или материјални штети

Потресот е регистриран во 6.32 часот, на длабочина од 15 километри, а епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од Елбасан.

293

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Албанија.

Потресот, според Европско-медитерански сеизмолошки центар, е регистриран во 6.32 часот, на длабочина од 15 километри, а епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од Елбасан.






Засега не се знае дали има повредени или материјална штета.

Поврзани содржини