СЕСТРАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ЌЕ ЈА „ЛЕКУВА“ ФК БЕЛАСИЦА Левица обвинува за непотизам и „сомнителни бизниси“

Пред да започне со нејзината „успешна" кариера на „жена претприемач" со отварање на бизниси со сомнително потекло на пари, Тања Милушева Костадинова работела како медицинска сестра во приватна амбуланта, посочуваат од партијата Левица.

588

Пред неколку дена во јавноста одекна веста дека Тања Милушева Костадинова, сестра на актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов е именувана како потпретседател на струмичката гордост, фудбалскиот клуб „Беласица”. Пред да започне со нејзината „успешна” кариера на „жена претприемач” со отварање на бизниси со сомнително потекло на пари, Милушева работела како медицинска сестра во приватна амбуланта, посочуваат од партијата Левица.

„Случајно или не, само во 2023 година, од општинската каса на клубот му се доделени 1.577.272 денари. ЛО Левица – Струмица строго ги осудува овие фамилијарни и партиски доделувања на функции и вработувања бидејќи со ваква пракса никогаш не се добиле позитивни резултати, а само се побива тезата дека живееме во општество со еднакви можности за сите“ стои во реакцијата од Левица.






Од ФК Беласица во објавата за назначувањето на Тања Милушева на потпретседателската функција во клубот, истакнуваат дека таа е „жена од бизнис секторот со силни амбиции ФК Беласица повторно да се врат на врвот во македонскиот фудбал“.

„Со одлука на одборот на ФК Беласица за потпретседател на истоимениот градски фудбалски клуб од денес именувана е Тања Милушева жена од бизнис секторот која што е со силни амбиции ФК Беласица повторно да се врати на врвот во македонскиот фудбал. За прв пат во македонскиот фудбал Струмица добива жена потпретседател која има земено учество во повеќе хуманитарни акции за социјално ранливи категории и донации на медицинска опрема за струмичката болница“ – стои во известувањето од клубот.

Поврзани содржини